Рафаел Варан ја заврши кариерата, но веднаш најде нова работа

Поранешниот француски фудбалер Рафаел Варан брзо најде ново работно место по неговото повлекување од професионалниот фудбал. Иако пред само два месеца потпиша за италијанскиот клуб Комо како слободен агент, Варан реши да стави крај на својата играчка кариера поради физички и здравствени проблеми.

Сепак, Комо останува дел од неговата иднина, бидејќи од денес Варан стана дел од раководството на клубот, каде ќе работи во одделението за унапредување на младите играчи.


Клубот верува дека неговото искуство ќе придонесе за развојот на фудбалерите кои имаат цел еден ден да играат за првиот тим на Комо.

- Оглас -

Најнови вести