Рагби ѕвезди и светската федерација застанаа во одбрана на 12-годишното дете кое трпеше шеги и критики поради изгледот

Алфи е 12-годишно момче од Оукдејл од јужен Велс, а неговиот татко постојано објавува фотографии од детето како игра рагби, но една слика стана хит на социјалните мрежи. За жал на Алфи и татко му, коментарите беа претежно негативни, многумина се шегуваа на сметка на дебелината на момчето.

„Морав да ја избришам објавата на ‘Фејсбук’ бидејќи идиоти коментираа дека моето дете е премногу дебело за да игра со деца до 12 години и дека син ми не е со добро здравје. Ако знаеја луѓето колку тој се труди да остане во форма и колку му е ниска самодовербата… Не се грижи Алфи, јас секогаш ќе бидам твој најголем фан“, порача таткото.

Интересно е што пораки со поддршка Алфи доби од многу рагби ѕвезди, како и од светската и англиската рагби федерација, како и од клубови.

- Оглас -

Најнови вести