Рајо Валјекано на чудесен начин се врати во Примера, Столе пак ќе брани против Реал, Барса, Атлетико…

Рајо Валјекано направи подвиг на гостувањето кај Жирона, победи со 2-0 и се врати во првата шпанска лига. Член на Рајо е Столе Димитриевски, кој не можеше да му помогне на клупските колеги поради настап на Европското првенство, па голот на малиот мадридски клуб го бранеше Лука Зидан.

Димитриевски, кој во следната сезона повторно ќе има дуели со гиганти како Реал, Барселона, Атлетико, Севилја, од Амстердам, ги следеше случувањата во Жирона и заслужено се радуваше бидејќи не беше лесно да се добие овој двомеч од баражот за влез во Примера.

Жирона како гостин во Мадрид го победи Рајо со 2-1 на првиот меч, но вечерва Рајо со два гола во првото полувреме дојде до водство од 2-0, кое одвај го одржа до крај. Од 56-тата минута, гостите имаа човек помалку на теренот, но успеаја да ја сочуваат мрежата и да го направат големиот успех.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести