Иако вчера беше објавено дека агентот на Матајс де Лихт, Мино Рајола е во Париз, каде што го договарал трансферот во редовите на ПСЖ, тој ги демантираше овие шпекулации и ги посочи како лажни вести.
„Тоа е класичен пример на лажна вест“, истакна Рајола, кому му ја укинаа суспензијата да раководи со трансфери надвор од Италија, додека во оваа земја не ќе може да прави зделки во наредните три месеци.
Со овој демант јасно е дека најперспективниот дефанзивец во Европа и натаму не одлучил каде ќе ја продолжи кариерата, а досега покрај ПСЖ, како прва опција се споменуваше Барселона.