Рајола го убедува Ибрахимовиќ да се врати во Серија А

Мино Рајола е во акција и ќе се обиде да го убеди својот клиент Златан Ибрахимовиќ да се врати во Серија А, овојпат како фудбалер на Болоња.

Еден од најпознатите и највлијателни фудбалски менаџери нема проблем да ја прифати понудата за Ибрахимовиќ од Болоња, вредна 8 милиони евра за 18-месечен договор.

Канаѓанецот Џо Сапуто кој е сопственик на Болоња со сите сили притиска да го одведе Ибракадабра во својот клуб, што би бил успешен потег и на фудбалски план, но и би донел добар ќар со умешна маркетинг акција, за да се искористи огромната популарност на екс-шведскиот репрезентативец.

Златан играше за трите најголеми клубови во Италија, за Јувентус, Интер и Милан, а Болоња ако ја прифати понудата ќе му биде четвртиот клуб во Калчото. Моментно е играч на Лос Анџелес галакси во МЛС лигата, а и тие сакаат да го продолжат договорот со еден од најдсобрите играчи на сите времиња.

 

- Оглас -

Најнови вести