Ракитиќ ги дочека своите пет минути, Барса ќе брка два гола негатива во реваншот (видео)

Севилја ја делат 90 минути од пласман во финалето во Купот на Кралот по вечерашната победа од 2-0 над Барселона во првиот полуфинален дуел.

Андалузијците го надиграа мешаниот состав на Роналд Куман предводен од капитенот Лионел Меси и сега се поблиску до посакуваниот пласман во битката за куп-пехарот.

Вистинска магија приреди младиот Жулс Кунде при неговиот водечки гол во 25-тата минута. Одбраната на гостите беше потполно понижена од страна на францускиот стопер, кој со ретко виден слалом стигна пред голот на Тер Штеген и му ја затресе мрежата.

Долго време се чекаше за нов гол, односно точно по еден час игра Иван Ракитиќ ги дочека своите пет минути против Барселона и го постави конечниот резултат откако се најде осамен пред противничкиот гол и сигурно заби за 2-0.

https://twitter.com/Fastgoal2/status/1359619045163728905

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести