Ракитиќ: Жал ми е што ќе треба првпат да се борам против своите

Кога со ждрепка се одлучи противник на Динамо Загреб во Лигата на Европа да му биде Севилја, најтешко му падна на Иван Ракитиќ. Хрватскиот интернационалец на 24 февруари за првпат во кариерата ќе игра на „Максимир“ како гостински играч.

„Од една страна убаво е што ќе играм против хрватски клуб, но тешко ќе ми биде да се борам против наш клуб. Среќен сум што првпат ќе играм клупски натпревар во Хрватска, ќе биде интересно, емотивно и чудно што ќе играм против Динамо на мојот ‘Максимир’. Дочекот нека биде каков што луѓето ќе мислат дека треба да биде. Јас се надевам на добар пречек, сите знаат колку ми значи Хрватска и нашиот фудбал. Затоа жал ми е што мора да играм против хрватски тим“, вели Ракетата, кој многу му даде на хрватскиот фудбал, но навива за Хајдук.

- Оглас -

Најнови вести