Ракометарите ги чекаат своите противници за ЕП 2022, се знае со кого нема да игра Македонија

Машката ракометна репрезентација на Македонија од третиот шешир ја чека денешната ждрепка во Будимпешта за изгледот на групите од првата фаза на Европското првенство кое ќе се одржи во Унгарија и Словачка во периодот од 13 до 30 јануари 2022 година.

Извлекувањето на групите за ЕП 2022 почнува во 17 часот, со директен пренос на телевизија Арена 1, а на интернет може да се следи на YouTube каналот на ЕХФ, Facebook страницата на ЕХФ или на EHFTV.

Вкупно 24 репрезентации ќе бидат поделени по 4 тима во шест групи.

Шешир 1 – Шпанија, Хрватска, Норвешка, Словенија, Германија, Португалија

Шешир 2 – Шведска, Унгарија, Русија, Данска, Србија, Австрија

Шешир 3 – Словачка, Белорусија, Исланд, Чешка, Франција, Македонија

Шешир 4 – Холандија, Црна Гора, Украина, Полска, Босна и Херцеговина, Литванија

Организаторите веќе распределија дел од репрезентациите што веќе имаат пласман во кој град ќе играат. Хрватска ќе игра во Сегед, домаќинот Унгарија во Будимпешта, додека вториот домаќин Словачка ќе игра во Кошице. Чешка ќе игра во Братислава, Германија исто така во словачката престолнина, а Словенија ќе игра во групата во Дебрецен.

Според оваа шема на ЕХФ, мали се шансите Македонија да игра во Словачка и поверојатно е дека ќе добиеме некоја од групите што ќе се играат во Унгарија. Тоа значи поголеми се шансите дека една од Хрватска, Унгарија или Словенија би била наш ривал. Ако евентуално се паднеме во групата Д во Братислава, тогаш за противник ќе ја имаме Германија.

- Оглас -

Најнови вести