Ракометарите кои исчезнаа во Хрватска, пронајдени далеку во друга земја

По речиси еден месец потрага, пронајдени се ракометарите кои исчезнаа во Хрватска. Кадетските репрезентативци на Бурунди пристигнаа во Хрватска, да бидат дел од Светското ракометно првенство, но на 10 август, на 10 од нив им се изгуби секаква трага.

Хрватската полиција започна потрага, но беше безуспешно. Едноставно, од студентскиот центар во Риека, заминале во непознат правец и до денеска не се знаеше нивната судбина. Од Белгија стигна информација дека се пронајдени 10 малолетници од Бурунди, кои побарале азил во оваа западноевропска земја. за двајца е потврдено дека се ракометари кои биле на Мундијалот во Хрватска, а за останатите се утврдува идентитетот.

Едноставно овие млади спортисти ја искористиле шансата што пристигнале во Европа и се обидуваат да не се вратат во својата земја, каде економската состојба е многу лоша.

- Оглас -

Најнови вести