Ракометарите немаа среќа: Ќе играат против шесткраниот светски првак во битка за пласман на СП 2021

Ракометната репрезентација на Македонија налета на еден од најтешките противници во баражот за СП 2021. Шесткратниот светски првак Франција ќе биде пречката на ракометарите на Данило Брестовац која ќе мора да се помине за пласман меѓу 32-те репрезентации кои ќе патуваат за Египет.

Првите натпревари од баражот се предвидени од 5 до 7 јуни, додека реванш-дуелите ќе се одиграат од 9 до 11 истиот месец. Светското првенство ќе се одржи од 14 до 31 јануари.

Покрај организаторите и актуелниот шампион Данска, пласман веќе имаат: обезбедено Хрватска, Норвешка, Шпанија, Алжир, Ангола, Капе Верде, Конго, Мароко, Тунис, Бахреин, Јапонија, Катар, Јужна Кореја, Аргентина, Бразил и Уругвај.

Сите парови во баражот:

МАКЕДОНИЈА – Франција

Швајцарија – Исланд

Израел/Летонија – Португалија

Чешка – Црна Гора

Шведска – Турција/Русија

Словенија – Србија

Романија/БиХ – Унгарија

Украина – Германија

Полска/Литванија – Белорусија

Австрија – Холандија

- Оглас -

Најнови вести