Ракометарите пристигнаа во Германија, за два дена ќе го играат историскиот меч (Фото)

Македонската ракометна репрезентација пристигна во Дизелдорф, Германија, каде за два дена ќе го игра првиот меч на Европското првенство.

Дуелот со кој ќе стартува континеталниот собир Македонија ќе го игра против светскиот великан Франција и тоа на стадионот во Дизелдорф на кој ќе може да се соберат 55.000 гледачи.

Сите билети за првиот ден се продадени, но светскиот рекорд за посета на еден меч треба да биде поставен по завршување на средбата меѓу Македонија и Франција, кога ќе играат Германија и Швајцарија.

- Оглас -

Најнови вести