Ракометарите пристигнаа во Краков

Ракометната репрезентација на Македонија денеска со чартер-лет пристигна во Краков, каде што ќе ги игра натпреварите од групата Ф на Светското првенство кое започна вчера.

Првиот предизвик за избраниците на селекторот Кирил Лазаров ќе биде селекцијата на Норвешка, а средбата ќе се игра утре од 20.30 часот во „Таурон арената“. Во групата Ф се наоѓаат уште Холандија и Аргентина.

Ракометарите се очекува да имаат голема поддршка од трибините бидејќи од вчера почна да пристигнува и Фалангата, која редовно ги бодри сите македонски репрезентации, и во Краков почнаа да се виорат црвено-жолтите знамиња.
Се очекува на трибините во „Таурон арената“ да има околу 1.000 македонски фанови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести