Ракометарките со чиста десетка ја збришаа Литванија и се пласираа во баражот за СП!

Убедливата победа над Литванија од 31-21, за женската ракометна репрезентација на Македонија значи дефинитивен пласман во баражот за пласман на Светското првенство кое е закажано за декември годинава во Шпанија.

После големата победа над Исланд од 24-17, попладнево во „Борис Трајковски“ во Скопје, избраничките на селекторот Симе Симовски ја надиграа и Литванија, па утрешниот меч со Грција е само формалност, но добро би било со нова победа да се запечати првото место во групата со максимален број на бодови.

Сара Ристовска со 8 гола беше прв стрелец на дуелот со Литванките. Симона Стојковска даде 5 гола, а Александра Боризовска и Елена Ѓорѓиевска постигнаа по четири.

Во баражот за СП кој ќе се игра во април, можни противници на Македонија се Чешка, Унгарија, Германија, Црна Гора, Полска, Романија, Русија, Србија, Словенија и Шведска.

- Оглас -

Најнови вести