Ракометарките на Ѓорче Петров битката за полуфинале во Европскиот куп ќе ја водат против шпански тим

Ракометарките на Ѓорче Петров го четврфиналето на Европскиот куп ќе играат против Елче, е одлучено на денешната ждрепка.

Првиот четврфинален натпревар треба да се игра на деветти или десетти март во Шпанија, а реваншот ќе се игра една седмица подоцна во Скопје.

Доколку ѓорчепетровки бидат поуспешни во дуелите со Елче, во полуфиналето би ги очекувал уште еден тим од Шпанија бидејќи треба да играат со подобриот од четвртфиналната пресметка меѓу Гран Канарија и Гранољерс.

- Оглас -

Најнови вести