Ракометарките покажаа талент и карактер, извадија реми со Шведска со гол на пет секунди до крајот (Видео)

Македонија успеа да го избегне првиот пораз на Светското првенство за јуниорки до 18 години и ремизира 20:20 против Шведска во драматичен меч.

Теа Дуковска успеа да ја погоди мрежата на Швеѓанките на пет секунди до крајот и да ни обезбеди реми што може да не однесе во четвртфиналето ако задутре не загубиме од Исланд со повеќе од четири гола разлика.

Македонските јуниорки имаа предност од 12:10 по првото полувреме, но потоа се разиграа Швеѓанките и поведоа со 17:15, потоа и со 19:17 и беа на прагот на победа.

Сепак, избраничките на селекторот Љубомир Савевски израмнија и освоија голем бод со кој сме на прагот на четвртфиналето.

Исланд, кој е лидер со 4 бода во нашата група ќе ни биде ривал во последниот меч од втората фаза, а Македонија е веднаш зад нив со три бода и ѝ одговара реми и низок пораз до 4 гола разлика.

- Оглас -

Најнови вести