Ракометна трагикомедија во Србија: прволигаш за цело полувреме даде само еден гол, и тоа од седмерец!

Синоќа на натпревар од српската елитна лига во ракомет се случи нешто необично, тимот на Рудар од Костолац за цело полувреме постигна само еден гол, и тоа од седмерец.

Овој „подвиг“ се случи на гостувањето кај Шамот. Рудар одигра добро прво полувреме, водеше со 12-8, а потоа во вторите 30 минути, гостите само еднаш го најдоа патот до мрежата, и тоа со гол од пенал.

Ниту Шамот не се прослави, даде скромни 10 гола во второто полувреме, а конечниот резултат, кој беше 18-13 за Шамот, беше поставен во 51-вата минута, а во последните девет минути ниту домашните не дадоа гол.

Инаку, Шамот е претпоследен на табелата, а, се разбира, Рудар е последен.

- Оглас -

Најнови вести