Ракометното Европско првенство ќе го следиме на македонски јазик

Македонската ракометна репрезентација се наоѓа на подготовки за Европското првенство кое за две недели ќе започне во Унгарија и Словачка. Ракометните возбудувања, посебно оние од клупските натпреварувања бевме навикнати да ги следиме на некоја од балканските специјализирани спортски канали, но репрезентативните возбудувања ќе се „преселат“ на Македонската радио телевизија (МРТ).

Денеска и официјално е потврдено дека МТВ ги откупила правата за ЕП, кои претходно беа пренесувани на Арена Спорт.

Македонија е во групата А, а во трите меча за противници ќе ги има Словенија (13 јануари), Црна Гора (15 јануари) и во третото коло ќе играме против Данска на 17 јануари.

Како подготовка за настап на ЕП, Македонија денеска од 16 часот игра прјателски меч против Кувајт. Пред три дена, овој противник го победивме убедливо со 10 разлика.

- Оглас -

Најнови вести