Ракометот е спорт со кој владее Франција

Женската ракометна репрезентација на Франција стигна до златниот медал на ОИ во Токио по убедливата победа над Рускиот олимписки состав со 30:25.

Дамите мотивирани од вчерашниот триумф на мажите, го собраа златото и во женска конкуренција и тоа без многу мака. Водството од 15-13 од првото полувреме за Триколорките беше најава за лесната победа, до која диригираа разиграните Фопа и Пино со по седум погодоци.

Русинките се задоволија со сребрен медал, бронзата припадна на Норвешка по победата над Швеѓанките со 36:19.

- Оглас -

Најнови вести