Рамноправност на половите во кошарката? Тешко

Доколку се споредат најголемата годишна плата на најплатената кошаркарка во ВНБА и најслабо платениот играч во НБА, ќе видите дека споредбата е излишна, и мажите се многу подобро платени од жените во овие лиги.

Минималната плата во НБА е речиси 900.000 долари, а најскапата кошаркарка Кајла Мекбрајд, прима годишна плата од 163.000 долари, што е смешно мала сума во споредба со колегите.

Секако мора да се каже дека приходите на НБА во една сезона се 8 милијарди, а на ВНБА само 25 милиони долари, па затоа и разликата е толку драстична.

Има спортови како тенисот, во кои на гренд-слем турнирите наградите за победникот и победничката во сингл се идентични, но во кошарката, приказната е сосема поинаква.

Најголемите пет плати во ВНБА лигата се движат од 115.500 до 163.000 долари, а кај мажите, бројките се далеку поголеми. Петти е Блејк Грифин со 31.873.932 долари, четврти е Расел Вестбрук, трети Леброн Џејмс, втор е Крис Пол, а најголема плата има Стеф Кари од Голден стект, кој сезонава ќе заработи 37.457.154 долари.

- Оглас -

Најнови вести