Рамос му ја кроеше тактиката на Жесус, тренерот на Бенфика збесна, на крајот заедно се радуваа на пласман во ЛШ (Видео)

Младиот напаѓач на Бенфика, Гонкало Рамос, и тренерот Жорж Жесус се најдоа во интересна ситуација во финишот на реванш-мечот против ПСВ во Ајндховен, а потоа заедно се радуваа на успех и пласман во Лигата на шампионите.

Реваншот заврши без голови, па победата од 2:1 на Бенфика во Лисабон беше пресудна за настапот на Орлите во луксузната лига.

Жесус, кој е познат по нескротливиот темперамент и авторитет, на својот таблет се обиде да му нацрта на 20-годишниот Рамос што треба да одигра во финишот на мечот.

Рамос имаше свој план и почна да го коригира искусниот тренер, што предизвика бес кај Жесус. Реакцијата на тренерот на Бенфика и целата ситуација станаа хит на социјалните мрежи.

https://twitter.com/StanSportAU/status/1430294206581338112?s=20

Жесус и Рамос на крајот, сепак, заедно славеа успех на „Филипс арената“ во Ајндховен, но сега младиот играч ќе знае дека не смее да му се спротивставува на својот тренер во Бенфика.

 

- Оглас -

Најнови вести