Рамос нема кај да бега, УЕФА ќе го казни со два меча

УЕФА покрена истрага против неспортскиот потег на Серхио Рамос и жолтиот картон што намерно, според свое признание, го доби капитенот на Реал Мадрид на мечот со Ајакс, а одлука ќе има во четврток.

И според стандардите, речиси е сигурно дека стоперот на Реал Мадрид ќе добие суспенија на два меча за натпреварите во Лигата на шампионите.

Во финишот на првиот осминафинален дуел во Амстердам, Рамос доби жолт картон, а потоа сам си призна дека тоа го сторил намерно.

Идејата му беше добра, да паузира на реваншот на „Сантијаго Бернабеу“, со што би ги исчистил претходно акумулираните жолти картони во ситуација кога Реал има предност од 2-1 против Ајакс.

Но, потоа избрза и си призна дека намерно го добил жолтиот картон за да не игра на реваншот со Ајакс, па сега ќе добие два меча суспензија ако УЕФА ги почитува досегашните свои одлуки.

За сличен случај, Жофреј Кондогбија лани беше казнет со два натпревари како играч на Валенсија.

- Оглас -

Најнови вести