Рамос се сели кај Специјалниот?

Рома и Жозе Мурињо со доста амбициозен потег да го доведеат Серхио Рамос на „Олимпико“ откако Шпанецот ја заврши 16-годишната авантура со Реал Мадрид.

Рамос и Специјалниот добро се познаваат, три години соработуваа во Реал освојувајќи ги сите трофеи во Шпанија, па сега управата на Римската волчица ќе се обиде да му ја исполни желбата на Мурињо. Сепак, прашање е дали Рома може финансиски да го издржи трофејниот стопер кој веќе има 35 години.

Познато е дека Милан проба и веднаш се откажа од евентуален ангажман на Рамос, кој бара плата од 15 милиони евра годишно и 20 милиони евра бонус при потпис на договорот. Италијанските медиуми тврдат дека Рома достави понуда до Рамос и се чека одговор.

- Оглас -

Најнови вести