Рамос стана светец, потпиша за Пари Сен Жермен до 2023 година

Пари Сен Жермен објави дека официјално Серхио Рамос е ново засилување на клубот и дека е потпишан договор до 2023 година.

Еден од најдобрите стопери на светот по настапите за Севилја и за Реал Мадрид, ќе игра за третиот клуб во кариерата на 35-годишна возраст.

„Ова е најдоброто место да продолжам да сонувам и најдобриот клуб да продолжам да победувам“, изјави Рамос по потписот на договорот.

Во кариерата играше за Севилја две сезони, една во Б тимот и потоа уште една во 2004/05 во првиот тим и потоа мина дури 16 години во Реал Мадрид, од каде што се пресели во ПСЖ.

Рамос има одиграно дури 180 натпревари за шпанската репрезентација, но не играше на Европското првенство што е во тек.

 

 

- Оглас -

Најнови вести