Рамос успешно опериран, но Зидан наиде на нови проблеми

Серхио Рамос, капитенот на Реал Мадрид, успешно ја помина операцијата на менискусот од левото колено, по што му следува рехабилитација до седум недели. Клучниот играч на Зидан ќе отсуствува во важен период за Кралевите, меѓутоа францускиот стратег наиде на нови проблеми по денешниот триумф од 2-1 на гости кај Уеска.

Тони Крос го заработи петтиот овосезонски жолт картон и нема да игра во следното коло против Хетафе. Така на Зидан му останаа само двајца достапни играчи за врска, Модриќ и Каземиро, со оглед на тоа дека Иско и Валверде уште се повредени, а воедно по заминувањето на Одегард во Арсенал не беше доведена замена.

Десниот бек Одриосола се здоби со повреда, засега е непознато колку истата е сериозна и дали Шпанецот ќе закрепне до наредниот натпревар.

- Оглас -

Најнови вести