Рамзи го нема на списокот за дуелот против Парма

Јувентус покрај тоа што утре нема да биде предводен од новиот тренер Маурисио Сари во мечот против Парма, во составот на Старата дама ќе отсуствува и летната аквицизија Арон Рамзи. Велшанецот не се најде на списокот од 23 фудбалери кои ќе ги отворат завесите на новата сезона во Серија А, а покрај него го нема ниту дефанзивецот Даниеле Ругани, кој се очекува да го напушти Торино во најскоро време.

Причините за отсуството на Рамзи засега се непознати, тој нормално тренираше со остаток од тимот изминативе денови и физички е подготвен за настап. Но, очигледно ќе мора да почека најмалку до следниот викенд за да дебитира за италијанскиот првак.

Меѓу избраниците за гостувањето кај Парма се најдоа Пауло Дибала и Гонзало Игуаин, покрај новите засилувања Де Лихт, Демирал, Данило и Рабио.

- Оглас -

Најнови вести