Рангник претставен како тренер на Јунајтед: Не сум видел поспремен 36-годишен играч од Роналдо, но…

Германецот Ралф Рангник утрово во 9 часот по британско време ја одржа првата прес-конференција како тренер на Манчестер јунајтед.

„Ви благодарам што станавте толку рано и дојдовте на пресот. Ова е можеби најрана прес-конференција во мојот живот, но немав избор, в недела имаме меч, а тренингот мора да го одржиме по прес-конференцијата. Го гледав тимот, имаме балансиран состав со млади и искусни играчи. Мислам дека примаме премногу голови. Синоќа примивме два, па моравме да дадеме три за да победиме. Тоа за публиката е интересно, но мене како тренер не ми се допаѓа. Не сум видел друг 36-годишен фудбалер кој е толку добро физички спремен како Кристијано. Се радувам што ќе работам со него, но Јунајтед е најголем клуб на светот и не е само Роналдо, имаме и други играчи“, рече Рангник, кој додаде и дека кога добил понуда од Црвените ѓаволи, воопшто не размислував, туку веднаш прифатил.

- Оглас -

Најнови вести