Рангник: Се надевам дека ќе го имаме Бруно на располагање

Манчестер јунајтед од 21 часот го пречекува Атлетико Мадрид од осминафиналната реванш-средба од Лигата на шампионите.

По првите 90 минути, мечот заврши 1:1, а со оглед на тоа дека од оваа сезона не важи правилото гол во гости, може да се каже дека се тргнува од нула. Тренерот на домаќините, Ралф Рангник, се надева дека на располагање ќе го има и Бруно Фернандеш, но и дека навивачите ќе си го „одиграат“ својот дел.

„Навивачите се нашиот 12-ти, па дури и 13-ти играч и се надевам дека и на оваа средба ќе биде така.

Сè уште е непознато дали ќе го имам Бруно Фернандеш за оваа средба, којшто изминатиов период беше позитивен на ковид-19, а јас се надевам дека тој ќе успее да игра. Го познаваме Атлетико и ги знаеме неговите опасности“, изјави Рангник.

 

- Оглас -

Најнови вести