Раритет во Серија А, 17 од 18-те екипи кои играа во ова коло дадоа погодок

Италијанската Серија А важи за првенство во кое не може да се очекуваат многу погодоци, но во ова коло не беше така. На деветте меча кои се одиграа во 20-тото коло, на сите имаше најмалку два погодока, а само еден тим не успеа да се израдува на гол.

Наполи на свој терен загуби од Фиорентина со 0:2 и Наполитанците се единствени без погодок во ова коло. Во останатите мечеви: Лацио – Сампдорија 5:1, Сасуоло – Торино 2:1, Милан – Удинезе 3:2, Лече – Интер 1:1, Бреша – Калјари 2:2, Болоња – Верона 1:1, Џенова – Рома 1:3 и Јувентус – Парма 2:1.

Вечерва ќе се затвори ова коло во Серија А, а последниот меч се игра во Бергамо, каде што Аталанта е голем фаворит во дуелот против СПАЛ. Ако се следи серијата од ова коло, вечерва ќе има барем два гола, а би требало и двете екипи да се израдуваат на најмалку по еден погодок.

И традицијата вели дека треба да е ефикасно. На досегашните пет меча на овие две екипи, секогаш паѓале најмалку по два гола, а четирипати било гол-гол. Во есенскиот дел од сезоната, Аталанта на гости победи со 3:2.

 

- Оглас -

Најнови вести