Распад на грчката репрезентација? Одбија да играат бидејќи селекторот е тренер на најголемиот ривал

Тројца кошаркари на Олимпијакос најавија дека нема повеќе да играат за репрезентацијата на Грција и тоа поради селекторот. Рик Питино неодамна беше назначен за селектор, а брзо потоа се врати на клупата на Панатинаикос. Токму поради фактот дека Питино повторно е тренер на ПАО, ги налути играчите на Олимпијакос.

Принтезис, Кониарис и Папаниколау јавно порачаа дека нема да играат за националниот тим, сѐ додека Питино е селектор. Со своја реакција се огласи и американскиот стратег.

„Кога станав селектор, немав никакви понуди за тренер. Ги почитувам сите грчки клубови, но ривалитетот не смее да преовлада кога се работи за националниот тим. Ќе составам тим од 12 играчи кои ќе дадат сѐ од себе за да стигнат до победата“, порача Питино.

Многу веројатно е дека тројцата играчи на Олимпијакос нема да играат во квалификацискиот турнир за Олимписките игри следното лето. Грците ќе играат на турнирот во Канада против домаќинот и селекцијата на Кина.

- Оглас -

Најнови вести