Распад-систем на ПСЖ среде Лил

Час по фудбал му одржа Лил на ПСЖ во убедливата победа од 5-1 во дербито од 32-рото коло во Лига 1. „Светците“ не можеа да си поверуваат што ги снајде, а „данските доги“ потврдија дека не случајно се на втората позиција на табелата и ќе бидат учесници во Лигата на шампионите следната сезона.

Домаќините ги посака среќата откако Мение си постигна автогол во седмата минута, а потоа „светците“ израмнија преку Бернат само четири минути подоцна. Шпанскиот лев бек за брзо стана трагичар, заработи директен црвен картон и го остави ПСЖ на цедило.

Предноста од играч повеќе одлично ја искористи Лил во второто полувреме, а голеадата започна од Пепе во 51-вата минута. Бамба во 65-тата минута донесе двојна предност, а Габриел зголеми на 4-1 на дваесетина минути пред крајот на средбата. До самиот финиш Лил можеше да постигне најмалку уште еден гол, a тоа го стори преку Фонте во 85-тата минута.

 

- Оглас -

Најнови вести