Расте бројот на загинатите во Камерун, има и деца (Видео)

Бројот на загинати навивачи пред стадионот во Камерун порасна на осум лица, додека повеќе од 50 луѓе се повредени и се префрлени во болницата „Месаси“, која е одалечена три километри од стадионот  „Олембе“ во Јаунде.

Немилиот настан се случи пред мечот Камерун – Коморски Острови, кога на влезот од стадионот се создало стампедо и голем број луѓе буквално биле прегазени. Меѓу загинатите има и две жени, како и едно дете. Се стравува дека бројката на загинати може дополнително да порасне бидејќи има неколку потешко повредени, меѓу кои е и едно бебе.

https://twitter.com/i/status/1485700276954746881

Дуелот меѓу Камерун и Коморски Острови беше во рамките од осминафиналето на Африканскиот куп на нациите. Домаќинот Камерун победи со 2:1 во меч на кој гостите за голман мораа да го користат левиот бек.

- Оглас -

Најнови вести