Растураат со голови – Атрактивниот Саусоло држи темпо и ги полни мрежите на ривалите

Сасуоло продолжи да игра атрактивен фудбал со многу голови, а и вечерва избраниците на Роберто де Зерби беа расположени и ја наполнија мрежата на Лече.

Со головите на Капуто, Берарди, Бога и Мулдур домаќините успеаја да го победат гостинот со 4:2 и да ги задржат шансите за настап во квалификациите за Европа Лигата.

Играчите на Саусоло на пет меча по рестартот на Серија А постигнаа вкупно 14 голови, или безмалку по три во просек на меч.

Лече се обиде да парира, гостите постигнаа два гола преку Лучиони и Манкосу, но продолжија да примаат многу голови.

Интересно е што на четири дуели по кам-бекот на италијанскиот фудбал екипата што се наоѓа во опасната зона за испаѓање прими еднаков број на голови, 14, колку што има дадено Сасуоло.

Поразот на Лече им одговара на Горан Пандев и на неговата Џенова, бидејќи тие се една позиција пред Лече и тоа првата над зоната од која следи преселба во Серија Б.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести