Натпреварите Работнички – Силекс и Тиквеш – Брера Струмица кои се играат од 14.30 часот, го отвораат 24-тото коло (второ од последната фаза сезонава), и на нив може да се обложите во Sport Life, има по околу 600 опции на кои може да уплатите за двата меча и да се надевате на добивка.
Квотите велат дека фаворит на дуелот во Скопје е Силекс. Кратовци се четврти на табелата, имаат 21 бод повеќе од Работнички од кој немаат пораз од август 2024 наваму. Во првите два меѓусебни дуели сезонава Силекс победуваше со 3-1 и 3-0. Но, според моментната форма, Работнички кој се бори за опстанок, е многу подобар, има три победи во последните четири кола, додека Силекс веќе на три средби по ред не знае за победа.
Во Кавадарци, Тиквеш ја пречекува Брера, а ако победат домашните, тоа за нив ќе биде четврти триумф едноподруго. На четири од последните пет меча, Тиквеш не прими гол. Струмичани три кола по ред немаат победа, но уште се над местата на табелата кои водат во бараж за опстанок.


