Реакција на ФК Скопје: Скандалозно судење во Автокоманда (ВИДЕО)

Екипата на ФК Скопје се огласи со реакција по повод вчерашниот натпревар против Шкупи, каде што сметаат дека се оштетени од страна на главниот судија Крумислав Ѓоргиев.

„По вчерашното скандалозно судење на судијата Крумислав Горгиев и неговите помошници, ФК Скопје реши да излезе со соопштение со кое ќе ја запознае фудбалската јавност со сите неправилности и криминалното судење на натреварот ФК Скопје – ФК Шкупи.

За сè во прилог на реакцијата на ФК Скопје ги доставуваме видеозаписите и фото-галеријата од спорните моменти.

1. Во седмата минута од натпреварат, при постигнување на водечкиот гол на ФК Шкупи очигледно е дека играчот со број 19, Сандеј, игра со рака (Прилог – фото+видео).

2. Во 76-тата минута играчот на ФК Скопје заработи директен црвен картон. За таа ситуација претходеше удар со нога во глава врз Најдоски од страна на играчот на Шкупи со број 9, Марко Ѓоргиевски. (Прилос-видео)

3. Како врв на кражбата од страна на судијата Крумислав Георгиев е досудениот пенал за Шкупи во 94-тата минута. Според судијата Крумислав Георгиев, прекршок направен на 18 метри го карактеризира како најстрога казна-пенал (прилог-фото+видео).

ФК Скопје ја повикува судиската организација при ФФМ да преземе соодветни мерки за ова криминално, скандалозно, тендециозно судење од страна на Крумислав Георгиев на овој натпревар.

Со правилно дејствување апелираме да се спречат вакви кражби и неправилности на фудбалските терени во иднина.

Без разлика на неправдите, ФК Скопје и понатаму спортски и фер ќе се бори за резултати на спортските терени“, се вели во реакцијата на овој тим.

- Оглас -

Најнови вести