Реал без главниот десен бек на „Ел Класико“, Карвахал два месеца во аут

Реал Мадрид се соочува со голем проблем во одбраната, откако денеска беше објавено дека десниот бек Даниел Карвахал има повреда на коленото, поради која нема да може да игра околу два месеци. Ова значи дека Карвахал сигурно ќе го пропушти „Ел Класико“ против Барселона на 25-ти октомври, па десната страна ќе треба да ја бранат резервата Алваро Одриозола кој е единствен класичен десен бел, или Лукас Васкес кој повеќе е офанзивец

Зидан може да комбинира и со Начо или Менди, но има три недели да смисли кој ќе игра на тоа критично место, со оглед на тоа дека играчот ќе треба да внимава на Ансу Фати.

Карвахал се повреди на тренинг пред мечот со Леванте в недела попладне. На листата на повредени кај Реал се и Азар и Крос. Белгиецот нема да игра против Барса, а Германецот е неизвесен.

- Оглас -

Најнови вести