Реал брзо ја разочара Памплона – Кралевите рутински ја победија Осасуна (Видео)

Реал Мадрид брзо ја преболе елиминацијата во Копа Дел Реј и забележа многу важна победа против Осасуна со 4:1 во меч од 23. коло.

Почетокот на мечот мина во знакот на домаќините кои имаа иницијатива и поведоа со голот на Унаи Гарсија во 14. минута. Сепак фаворитот брзо се разбуди од шокот и со два експресни голови на Иско во 33. минута и на Рамос само 300 секунди подоцна поведе со 2:1.

https://www.youtube.com/watch?v=yksjlbntSPs

Во продолжението гостите погодија уште двапати и повторно во кус рок, а стрелци беа Лукас во 84. минута и Јовиќ во 92. минута.

https://www.youtube.com/watch?v=8867h5_VZoY

Со новата победа, 15. по ред во Ла Лига, Реал остана лидер на табелата со 52 бода, шест повеќе од Барселона која има меч помалку.

Осасуна е на 12. место со 28 бодови.

 

- Оглас -

Најнови вести