Сиромашно со голови беше првото полувреме на шесте натпревари, во првите 45 минути беа постигнати само седум погодоци. Арсенал во Лондон води на полувреме против Севиља. Домашниот терен засега го користат уште две екипи коишто имаат минимално водство. Реал Мадрид води против Брага на „Сантијаго Бернабеу“, а ПСВ во Ајндховен со голот на де Јонг во 12-тата минута има 1:0 против Ленс.
Херој на Реал Мадрид е голманот Андреј Лунин, кој требаше да биде резерва на дуелот против Брага, но откако се повреди Кепа, доби шанса од првата минута и максимално ја искористува. Само по пет минути беше досуден пенал за Брага, а Лунин успеа да одбрани. Потоа Реал дојде до водство со голот на Дијас.
Манчестер јунајтед одлично го започна мечот на гости кај Копенхаген и со двата гола на Хојлунд водеше со 2:0 по 30 минути игра. Гостите од Англија имаа контрола на играта и резултатот сè до 42-рата минута, кога Маркус Рашфорд поради газење на противнички играч доби црвен картон.
Копенхаген максимално ја искортисти предноста од фудбалер повеќе и до полувремето стигна до 2:2, во полувремето кое имаше 13 минути дополнително време.