Реал го среди Ливерпул, но Црвените го згазија Манчестер, кој беше подобар од Барса, а таа го совлада Реал

Резултатски калабалак кој се случува во последните околу две недели покажува зошто фудбалот е интересен, непредвидлив и има толку многу фанови низ светот.

Гигантите Реал Мадрид, Ливерпул, Манчестер јунајтед и Барселона со резултатите во меѓусебните дуели периодов затворија еден круг во кој секој победуваше некого.

Најпрвин на 21 февруари, Реал на „Енфилд“ го торпедира Ливерпул со 5-2 во осминафиналето на Лигата на шампионите, а два дена подоцна Манчестер ја победи Барселона со 2-1 и ги елиминира Каталонците од Лигата на Европа.

На втори март, Реал загуби од Барселона со 0-1 во првиот меч од полуфиналето на Купот на Шпанија, а синоќа Ливерпул со 7-0 го растури својот најлут ривал Јунајтед.

Навивачите на сите четири клуба имаа и среќни и тажни моменти, а особено спектакуларни беа дуелите на „Енфилд“, каде што беше пишувана историја, најпрвин негативна, а потоа и позитивна за Ливерпул.

- Оглас -

Најнови вести