Реал го загуби Касемиро за реваншот, во Лисабон „еднонасочна улица“, познат првиот четвртфиналист (Видео)

ПСЖ – Реал Мадрид 0-0 и Спортинг Лисабон – Манчестер сити 0-4 се резултатите по првото полувреме на првите осминафинални дуели.

На дербито во Париз, домашните беа поопасни, но не го загрозија сериозно Куртоа, а лоша вест за Реал е жолтиот картон и суспензијата на Касемиро, кој нема да може да настапи на реваншот во Мадрид.

Во Лисабон, Граѓаните од Манчестер се предоминатни. Домашната публика од немоќ почна да аплаудира на добрите потези на гостите, во прв ред при голот на Португалецот Бернардо Силва за 2-0.

Ова е голот на Бернардо:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести