Реал и Партизан ја одиграа најефикасната четвртина во историјата на Евролигата

Реал Мадрид го совлада Партизан со 105-97 во супер ефикасен меч од кошаркарската Евролига, а првата четвртина влезе во историјата на Евролигата како најефикасна на сите времиња во ова натпреварување.

Првите 10 минути му припаднаа на Партизан со 40-32 и овие 72 поени се рекорд за една четвртина во Евролигата (стариот рекорд беше 66 поени од меч на Реал со Алба Берлин). Потоа Реал ја стегна одбраната, па со добра игра во вториот и третиот квартал, си го отвори патот до победата.

Навивачите на Партизан им се лутат на Каталонците што пред два дена им ги откажаа веќе купените билети за средбата со Барселона, па Гробарите заедно со фановите на Реал, неколку пати ја „поздравија“ Барса со погрдни скандирања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести