Реал изненадува со изборот за втор напаѓач

Реал Мадрид истражува на пазарот неколку напаѓачи кои би претставувале бекап-опција за искусниот Карим Бензема во следната сезона. Целта на европскиот првак е да му овозможат на Французинот потребен одмор за да го одржат здрав во текот на целата напорна сезона, во која ќе се игра и Мундијал во Катар.

Поради тоа, Тимо Вернер се истакна како можен втор напаѓач на Кралевите. Германскиот голгетер во две сезони не ги оправда потполно средствата од 53 милиони евра кои Челзи ги плати на Лајпциг во летото 2020, а на „Бернабеу“ би бил резерва со поскромна минутажа.

Не се знае дали Реал би го откупил договорот на Вернер или пак ќе преговараат со Сините околу едногодишна позајмица, но факт е дека Кралевите имаат потреба од уште еден офанзивец бидејќи Мајорал и Јовиќ заминаа, а Маријано Дијас нема квалитет да игра во белиот дрес.

- Оглас -

Најнови вести