Реал ја почна „жнеачката“ на титули за оваа сезона – Прва е таа во шпанскиот Супер куп

Реал Мадрид дојде до 12-та титула во Суперкупот на Шпанија откако во финалето го совладаа Атлетик Билбао со 2:0.

Со головите на Лука Модриќ, кој беше мало ремек дело во 38-та минута и Карим Бензема во 52-та од пенал, кралскиот клуб ја освои првата титула во оваа натпреварувачка година.

На две минути пред истекот на регуларното време, Едер Милитао неспретно играше со рака и доби црвен картон но ударот на Раул Гарсија беше прочитан од страна на Тибо Куртоа.

Одличната форма во која се наоѓа Реал под водство на Карло Анчелоти е крунисана со уште еден добар настап.

Ова е втора едноподруго титула за Реал Мадрид во Супер купот, додека севкупно води Барселона која има 13 наслови.

Реал е актуелен лидер во Шпанија и по нешто повеќе од половина сезона се лидери со 49 бода по 21 одигран натпревар.

Додека, пак, во осминафиналето од Лигата на шампионите ќе се соочат со Пари Сен Жермен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести