Реал Мадрид е апсолутен европски шампион (видео)

Реал Мадрид е апсолутниот европски шампион по победата од 2-0 над Ајнтрахт Франкфурт во Суперкупот на УЕФА, кој се одигра во Хелсинки.

Кралевите на рутински начин стигнаа до победата со погодоците на Алаба во 37-мата и Бензема во 65-тата минута, за петти трофеј на Реал во престижното натпреварување, прв од 2017 година и нивната триумфална посета на Скопје против Манчестер јунајтед.

Орлите од Франкфурт поамбициозно го започнаа мечот и имаа две одлични шанси да ја затресат мрежата на Куртоа, меѓутоа белгискиот голман беше на ниво на задачата. Реал трпеливо чекаше вистински момент да се закани, па откако Винисиус двапати го тестираше Трап, се изведе клучен корнер, по кој одбиената топка од Каземиро ја стигна Алаба и заби во празната мрежа.

Бензема продолжи онаку каде што застана минатата сезона, да решета во негов стил, а му помогна Винисиус со топ-асистенција на малку помалку од половина час до крајот на средбата.

За да се сочува резултатот, во последните десетина минути добија шанса новите имиња во Реал, Чуамени и Рудигер ги запишаа официјалните деби-настапи во кралскиот дрес.

- Оглас -

Најнови вести