Реал Мадрид игра тики-така место Барса, акцијата за вториот гол е кралска (Видео)

Реал Мадрид ја нокаутира Барселона во вечното дерби и води со 2:0 по првото полувреме во новото шпанско Ел Класико.

Актуелниот првак на Шпанија и на Европа одигра извинредни 45 минути и судиско продолжение и има огромна предност, а акцијата за вториот гол беше извонредна.

Феде Валверде ја круниса тики-така акцијата на Кралскиот клуб, начин на игра што е типична за Барселона.

Гостите беа збунети, а и буквално дел од играчите на Барса не знаеја каде е топката, што Валверде со прекрасен гол ја смести во мрежата во 35. минута.

Голот на Уругваецот можете да го погледнете ОВДЕ.

Претходно Карим Бензема го отвори резултатот со гол во 12-та минута, а Реал е на пат да ја задржи серијата без пораз, додека на Барса и останува уште дно полувреме за да остане непоразена и по 9 кола во Ла Лига.

 

- Оглас -

Најнови вести