Реал Мадрид ја отвори, Реал Мадрид и ќе ја затвори оригиналната „Аноета“

Дуелот на Реал Сосиедад и Реал Мадрид кој се игра од 18.30 часот во Сан Себастијан, ќе биде последен за баскискиот тим пред реновирањето на својот стадион „Аноета“.

Реновирањето ќе биде големо, но нема да го спречи клубот и во следната сезона да игра таму. Сепак, „Аноета“ ќе добие многу поинаков изглед од сегашниот. Најголема промена ќе биде што во иднина ќе ја нема атлетската патека и трибините ќе бидат многу поблиску до теренот. Капацитетот ќе биде 40.000 седишта.

Коинциденција е што на првиот меч на денешна „Аноета“ во август 1993 година, прв тим кој гостуваше беше токму клубот кој и последен ќе гостува на ваквата „Аноета“, Реал Мадрид. Тоа беше пријателски меч. Денешниот дуел е официјален, лигашки, но средбата нема некое посебно големо значење за клубовите кои го имаат името Реал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести