Реал Мадрид ќе ја продолжи традицијата на домашни успеси против Валенсија

Реал Мадрид – Валенсија (фудбал, Шпанија, 22.00 часот)

Дербито на колото во шпанската Ла Лига ќе биде првиот од четирите меча по ред кои Реал ќе ги игра со почеток во 22 часот. Мадриѓаните се во трка за титулата и немаат право на кикс. Валенсија испушти победа во минатото коло, па веќе не е на местата на табелата кои водат во Европа. Ова се два тима кои во меѓусебните дуели често и даваат и примаат гол. Лилјаците немаат лигашка победа на гостински терен во 2020 година, а 12 години не го победиле Реал во Мадрид. Реал сезонава нема пораз на свој терен.

Предлог тип: 1 & 2-4 (2.18)

 

Алавес – Реал Сосиедад (фудбал, Шпанија, 19.30 часот)

Ова е мини баскиско дерби. Реал Сосиедад е третата најефикасна екипа во лигата и трите бода им требаат за да останат четврти во неизвесната битка за места во ЛШ. Реал Сосиедад е незгоден гостин, често победува, а ретко игра нерешено на гости. Традицијата на меѓусебните дуели на овие тимови во Виторија најавува 0-2 гола и дека ќе има победник. Од 2002 година наваму немало реми во нивните пресметки кога Алавес бил домаќин.

Предлог тип: 2 (2.00)

 

Митјиланд – Брондби (фудбал, Данска, 20.00 часот)

Митјиланд е блиску до обезбедување на титулата, има 11 бода плус во однос на вториот Копенхаген, а на четвртиот Брондби му бега дури 25 бода. Но, Митјиланд загуби на единствениот домашен меч кој го одигра по продолжувањето на сезоната. Во септември, во првата фаза од шампионатот Митјиланд дома победи со 1-0, а во декември, кога Брондби беше домаќин, резултатот беше 2-1 за лидерот на табелата.

Предлог тип: 1 (1.48)

 

Боависта – Виторија Сетубал (фудбал, Португалија, 20.00 часот)

Интересен меч помеѓу два тима од средината на табелата. Боависта и Виторија заедно со Портимоненсе се трите најнеефикасни екипи во лигата со дадени само по 20 гола во 26 кола. Ова најавува неефикасен меч, со не повеќе од 2-3 гола. Тимот од Сетубал има серија од четири нерешени по ред, тие се екипа дури со 12 ремија сезонава. Боависта игра многу променливо, а традицијата е на нивна страна, последните четири меча дома со Сетубал ги доби без примен гол.

Предлог тип: 0-2 гола (1.50)

 

Аланијаспор – Анталијаспор (фудбал, Турција куп, 19.45 часот)

Трабзонспор го чека својот ривал за финалето на Купот, а противник ќе му биде тим од некое од двете соседни популарни туристички места од медитеранскиот дел на Турција. Аланија е во предност бидејќи во март славеше 1-0 како гостин. Но Анталија, која во нападот го има нашиот Јаховиќ, пред пет дена како гостин го победи Бешикташ и покажа дека може да биде многу опасен тим. Последните три нивни пресметки во Аланија завршија со 0-1 гол.

Предлог тип: Т2 2+ (3.70)

 

Квоти на денот во обложувалниците Sport Life се:

Алавес – Реал Сосиедад 1+I & 3+ (2.60)

Реал Мадрид – Валенсија Т1 1+I & T1 3+ (2.65)

Спортинг Лисабон – Тондела 1 & 2-4 (2.25)

- Оглас -

Најнови вести