Реал Мадрид ќе купи играч за осум милиони евра и веднаш ќе го продаде за 30 милиони евра

Реал Мадрид на големо се подготовува за следната сезона. Во Кралскиот клуб веќе пристигнаа две засилувања (Александер-Арнолд и Хуијсен), а сега се подготвува и доведување на трет играч.

Се работи за Нико Паз од Комо, но овој трансфер е посебно интересен. Реал не го купува Паз за да го задржи, туку за веднаш да го продаде и од него одлично да заработи.

Пред само една година Паз си замина од Реал Мадрид и тоа за шест милиони евра потпиша за Комо. Во тој договор Реал го задржа правото да може да го врати Паз во своите редови и за тоа би требало да плати осум милиони евра.

На Реал не му е потребен Паз, но Кралевите одлично ќе заработат откако ќе го купат. За паз се интересира Баер Леверкузен, кој бара замена за Вирц во нападот. Комо за Паз бара 35 милиони евра од Леверкузен, па Реал реши да се вмеша во целиот бизнис.

Од Реал се договорија да го вратат Паз за осум милиони евра, а потоа да го продадат во Баер Леверкузен за 30 милиони евра. Германскиот тим би бил задоволен од тој трансфер затоа што ќе заштедат пет милиони евра (Комо им бара 35 милиони евра за трансферот), а Реал ќе ќари дури 22 милиони евра затоа што играчот кој ќе го купат осум милиони евра, веднаш ќе го продадат за 30 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести