Реал Мадрид летово ќе се ослободи од (најмалку) двајца фудбалери

Раул Асенсио и Дани Себаљос ќе го напуштат Реал Мадрид по завршувањето на сезоната, пренесува италијанскиот новинар Фабрицио Романо.

Централниот дефанзивец Асенсио е дел од академијата на „кралевите“ од 2017 година, по што настапуваше и за вториот тим, пред да стигне до првиот состав на 15-кратниот европски шампион.

Во 2025 година Асенсио стигна и до репрезентацијата на Шпанија, додека за сениорскиот тим на Реал дебитираше во 2024 година. Дефанзивецот е роден во Лас Палмас.

Себаљос, пак, е во Мадрид од 2017 година и беше дел од големите успеси на клубот во последната деценија, иако помина две сезони на позајмица во Арсенал.

29-годишниот играч дебитираше за шпанската репрезентација во 2018 година.

Во моментов нема информација која би била нивната следна дестинација, но јасно е дека за нив нема да има место во таборот на „кралевите“ за следната сезона.

- Оглас -

Најнови вести