Реал Мадрид налето ќе има нов лев бек, пристигнува репрезентативец на Канада

Реал Мадрид налето добива уште едно големо засилување, после се поизвесниот трансфер на Килијан Мбапе. Се работ за репрезентативецот на Канада и фудбалер на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис.

Според шпанските медиуми, Реал Мадрид и Баерн Минхен веќе се договориле околу висината на обесштетувањето, кое ќе изнесува околу 35 милиони евра, а договорени се и личните услови со фудбалерот.

Канаѓанецот си заминува од Баерн Минхен бидејќи бараше повисока плата, но Баерн Минхен не сакаше да му го продолжи договорот под такви услови, па сега во Реал Мадрид ќе заработува 15 милиони евра по сезона.

Алфонсо Дејвис во Баерн Минхен пристигна во 2019-тата година од Ванкувер за 14 милиони евра и во дресот на „баварците“ настапи на 129 натпревари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести