Реал Мадрид падна на најниско ниво во последните 34 години во ЛШ

Шахтер Донецк го приреди најголемото изненадување во првото коло од Лигата на шампиони, откако успеа да победи во Мадрид против Реал со 3:2. Ова беше прв пат Реал на стартот од сезона во ЛШ да загуби на свој терен, а за прв пат по цели 34 години, Кралскиот клуб да има три порази во низа во елитната лига на УЕФА.

Во далечната 1986 година Реал имал три порази по ред во тогашниот Куп на Европски шампиони, кој подоцна се преименува во Лига на шампиони. Сега тој неуспех е повторен. Реал два пати беше поразен од Манчестер сити во осминафиналето од ланската сезона, а сега новата сезона повторно ја отвори со пораз, вкупно трети по ред во ЛШ.

Следниот предизвик за Реал Мадрид е уште поголем, затоа што тимот на Зинедин Зидан в сабота ќе гостува на „Камп Ноу“ против Барселона. Веќе е познат и судијата за Ел Класико, а ТУКА прочитајте каков е биналсот на двата тима со арбитарот кој ќе биде на центарот од игралиштето на дербито. 

 

 

- Оглас -

Најнови вести